

>ПЕКАРИЦА<
Чувар на македонската вековна традиција
Магија од вредните раце на нашиот народ
"Здравиот живот" е избор.
На вас е да го направите првиот чекор. Започнете од лебот затоа што тој опфаќа 25% од вкупната дневна исхрана. Времето кое е потребно да се направи добар и вкусен домашен леб е помалку од половина час (вклучувајки го и чистењето) и многу љубов и трпение. Кога еднаш ќе се осмелите да го испечете првото лепче верувајте ми веќе никогаш нема да престанете.
Ако ви треба мотив само еднаш проучете некоја декларација на купечкиот индустриски леб.
Да се вратиме на традицијата на домашното лепче, пити и вкусни кифлички и печива.
Месењето е нашата страст. Сакаме на едно место да ги сочуваме вкусните рецепти од нашите неуморни баби. Ќе ви помогнеме да го вратите мирисот на традицијата во вашите домови, а во исто време и вие ќе можете да ги споделите искуствата со нашите читатели и за тоа да бидете вредно наградени.
Месете и играјте со нас - вашето семејство ќе ви биде благодарно!