

>ПЕКАРИЦА<
Чувар на македонската вековна традиција
Магија од вредните раце на нашиот народ
Едноставен сода леб
Џејми Оливер е светски познат поборник на здравата храна и промотор на готвењето како уметност.
Овој едноставен рецепт скоро го пронајдов на неговиот портал и го споделувам со вас.

Метод
Не може да се победи мирисот на свежо печен леб кој се шири низ куќата, затоа ова е нешто што треба сите да научат како се прави.
Овој едноставен рецепт можете да го ставите во фурната без чекање тестото да се стаса.
1. Загрејте ја рерната на 190°C/375°F/гас 5.
2. Во вангличка ставете ги брашната, содата, солта и шеќерот и измешајте ги.
3. Одвоено помешајте ги јајцето и јогуртот.
4. Со вилушка постепено соединувајте ја смесата од јајцето со смесата во брашно, а потоа штом ќе почне да се соединува, користете ги рацете да го замесите тестото.
5. Обликувајте го тестото во топче и ставете го во плех посипан со брашно. Малку со раце дооформете го да личи на диск со дебелина околу 6-7цм.
6. Направете крст на горната површина со тапата страна на ножот и потоа печете го во центарот на рерната околу 50-60 минути, или додека не се формира хрскава кора и да звучи шупливо кога ќе го чукнете на дното.
7. Извадете го лебот на жичана решетка да се олади, а потоа можете топло да го сервирате со малку супа или вкусно сирење.
Совети:
Ако не можете да најдете овесни снегулки, тогаш можете да земето обичен овес и сомелете го во блендер.
Бидете внимателни да не претерате со месењето - престанете кога ќе стане компактно да не завршите со супер тврд леб.
Состојки:
-
250 гр интегрално брашно
-
100 гр брашно, плус екстра за посип
-
50 гр овесни снегулки
-
1 лажичка сода бикарбона
-
1 лажичка морска сол
-
1 лажичка шеќер
-
1 јајце
-
300 мл. јогурт
