

>ПЕКАРИЦА<
Чувар на македонската вековна традиција
Магија од вредните раце на нашиот народ
Како да препознаете вистински р'жан леб
Леб од р'жано брашно не може да има светла боја. Р'жаниот леб мора да биде темен и тежок. Плус р'жаното интегрално брашно секогаш е малку покрупно мелено од останатите интегрални брашна и впива повеќе вода, што на лебот му дава дополнителна тежина.
Доколку лебот е посветол и воздушест, значи дека во него нема многу р'ж. Р'жаниот леб може да има меурчиња од квасецот али не многу, има некоја своја специфична тежина и мирис. Во принцип сите интегрални лебови се потешки од лебот (белиот леб) од пшенично брашно.
За жал повеќето р'жани лебови кои се наоѓаат во продажба немаат многу заедничко со р'жаниот леб. Ако инсистирате на декларацијата за составот (најчесто нема шанса да ја добиете) внимателно читајте го составот и доколку на неа нема точен сооднос на состојките, тогаш обично она што е наведено како прво брашно го има најмногу. Постои разлика и тоа голема помеѓу пшеничен леб со додадено р'жано брашно и вистински р'жан леб. Затоа еден совет: направете сопствен р'жан леб (најдобро е ако најдете некоја брашнара која има и вистинско р'жано брашно а не мешавина од брашна за р'жан леб) и направете барем еднаш домашен р'жан леб.
Како што можевте да прочитате во делот за р'жаното брашно, ваквиот леб треба да се продава во аптека како лек, а не во пекара како храна.