

>ПЕКАРИЦА<
Чувар на македонската вековна традиција
Магија од вредните раце на нашиот народ

Потребни состојки:
-
800 гр. брашно,
-
1 свеж квасец,
-
малку масло,
-
2 лажици какао,
-
3 раце шеќер,
-
домашен мармалад од сливи или кајсии и
-
млака вода по потреба.
Слатка посна погача
Најпрво да стаса квасецот со малку шеќер, поголемиот дел од брашното го ставаме во сад за месење, го додаваме шеќерот и стасаниот квасец, потоа постепено додаваме млака вода и останатото брашно. Месиме убаво и се остава да постои малку. Потоа тестото се дели на три еднакви делови. Тепсија бр. 30 ја намрсуваме со масло и посипуваме со брашно. Го земаме првиот дел од тестото,оставаме малку настрана и поголемиот дел тесто го развлекуваме во кора колку тепсијата и ја ставаме во тепсијата. Со четка ставаме малку масло врз кората убаво и по краевите и мачкаме мармалад. Во вториот дел од тестото ставаме 2 лажици какао и убаво го месиме. Исто како и претходно оставаме малку од тестото настрана а од поголемиот дел правиме кора, ја ставаме врз првата кора, со четка нанесуваме малку масло на кората и мачкаме со мармалад. Во третиот дел од тестото можи да се стави малку афионово семе а можи да си остани ист. Оставаме малку и од ова тесто па од поголемиот дел правиме кора. На третата кора не мачкаме масло и не ставаме мармалад. На средина во вид на крст ја засекуваме третата кора(внимаваме добро да не ги зафатиме останатите кори), за да добиеме четири дела потоа секој дел го засекуваме уште на четири(нешто слично како кај погачата сончоглед). Секој дел внимателно го носиме од средината кон краевите на тепсијата и му забодуваме чечкалица за да стои. Од секое од тестата што ги одземавме од сите три дела правиме валјаци и ги плетиме плетенка. Плетенката ја ставаме на средина на погачата. Оставаме убаво да искисни погачата и ја печиме на 220 па потоа ја намалуваме температурата во зависност од рерната. Во меѓувреме ставаме да зовријат 5 лажици шеќер со малку вода и да излади убаво шербетот. Испечената жешка погача со четка ја премачкуваме со ладниот шербет и ја покриваме со алуминиумска фолија да излади. Наздравје