top of page

Потребни состојки:

  • брашно

  • млака вода

  • 1 пресен квасец

  • сол

Лепчето на баба

Подготовка:

 

Лебчето на баба се меси исклучиво само од брашно, млака вода, квасец и сол, без зејтин, маргарини, путери или пак адитиви. Откако ке се убаво измеси тестото, се набрашнува озгора за да не фати коричка, се остава на собна температура да стасува да му се зголеми волуменот (како на сликата). Потоа се размесува во округла форма му се става од сите страни брашно, се става во тавата која е исто така набрашнета, му се прави на средината дупче (а незнам зошто) и пак се остава да стасува. Се пече на 300 степени околу 10 минути, а потоа на 200 степени околу половина час и треба да добие убава кафена боја на некои места дури и подзагорена бидејки тоа е посебно вкусно. Кога ке биде готово се покрива со подебел предиплен во неколку слоја чаршав оти така кората му останува тенка а крцкава.

Поставен на 18/11/2015 од нашата читателка Славица Ѓоргиева од Свети Николе
form_uploads-2388056-efbbf45a-8346-4224-83a8-57e379cbebb2-1-2015-11-18+15.43.32
form_uploads-2388056-efbbf45a-8346-4224-83a8-57e379cbebb2-2-2015-11-18+17.25.32
form_uploads-2388056-efbbf45a-8346-4224-83a8-57e379cbebb2-3-2015-11-18+17.53.54
form_uploads-2388056-efbbf45a-8346-4224-83a8-57e379cbebb2-4-2015-11-18+19.18.24-2
КОНТАКТ:

Друштво за издаваштво, трговија и услуги

"КДП АЛУМЕР" - Скопје

E-mail: kdp.alumer@gmail.com

© ПЕКАРИЦА 

го задржува правото на објавување на сите споделени рецепти и слики 

2016

bottom of page