

>ПЕКАРИЦА<
Чувар на македонската вековна традиција
Магија од вредните раце на нашиот народ
Целијакија (нетолерантност на глутен)
Нетолерантноста на глутен или целијакија е екстремна осетливост на белковините од пченицата, јачменот и р'жот. Иако симптомите можат да бидат слични, целијакијата не е алергија на храна туку наследна автоимуна болест. Имунолошкиот состав погрешно го препознава глутенот како страно тело кое е штетно за организмот. Тоа доведува до воспаленија и оштетувања на тенкото црево. Од друга страна алергијата на пченицата резултира со симптоми како чешање и исфрлање.
До оштетувањата на тенкото црево може да дојде и кога личноста со целијакија изеде многу мала количина на глутен. Симптомите можат да вклучат и болки во стомакот и пролив.
Оштетувањето на цревата ја намалува способноста на организмот да ги апсорбира хранливите материи што може да доведе до неухранетост и со неа поврзани состојби како губење на тежина, остеопороза и неплодност. Исто така зголемен е ризикот за шеќерна болест, болест на штитната жлезда, кожни болести, ревматски артритис и некои видови на тумор.
Важно е да се нагласи дека некои заболени особи имаат потешки симптоми додека некои воопшто ги немаат симптомите иако и кај нив се појавува оштетување на цревата.
Најчесто за целијакија се криви гените на далечни претци. Во скандинавските земји е многу почеста болест него во Европа, додека готово ја нема во Азија и САД.