

>ПЕКАРИЦА<
Чувар на македонската вековна традиција
Магија од вредните раце на нашиот народ

Потребни состојки:
-
600 гр. рендано сирење
-
300 гр. брашно
-
1 јајце
-
за дното на модлата ловоров лист
Либум- жртвен леб
Начин на подготовка:
1. Изгмечето го или изрендајте го сирењето, додадете го брашното и јајцето, замесете и поделете го добиеното тесто на 4 еднакви дела.
2. Од секое тесто формирајте мала погачка, засечете ја со нож на 8 дела.
3. На модлата или во тавчето на дното ставете ловоров лист, врз листовите поставете ги погачките и печете во загреана рерна околу 40 мин. додека не порумени.
НАПОМЕНА
Како што прочитавте, пишува 600 гр. сирење. Јас поради тоа што за викендов не знам колку пати го испеков, секој пат различно сирење користев - од тврдо овчо, меко кравјо, фета.. за да на крај ставам урда. Во сите случаи еднакво добро. Значи следен пат нема да мислам кое ли сирење да го користам, едноставно тоа што го имам во моментот,а најекономична грицкалица ова лепче ќе ми биди и ако користам само урда, но не да е водена, туку сува.
Не штедете на ловоровиот лист, дава одличен вкус, токму тој е причината за оваа вкусотија. Не мислете дека ние немаме свеж ловор (а можеби некој си го има во градина), користам сув за кој сметам дека не го намалува вкусот на лепчето.
Нека ви е слатко!