top of page

Состојки:

  • 3 јајца

  • 1 чаша крупно пченкарно брашно

  • 1 чаша ситно мелено пченкарно брашно

  • 1 чаша бело брашно

  • 1 чаша јогурт или кисело млеко

  • 1 чаша зејтин

  • 1 прашак за пециво

  • сусам за посипување

Проја

Подготовка:

 

Во длабок сад се мешаат сите состојки од листата. По желба и зависно за која намена ги правите можете во смесата да додадете ситно сецкана шунка, кисели краставички, рендано сирење или трошки од сирење за пита итн...

Моите на сликата се сликани кога живеев во Африка и беа секогаш сервирани кога имавме заеднички балкански трпези и затоа ги печев во модла за мафини (во модлата ставате хартиени корпици за печење, ги полните 2/3 и посипувате со сусам. Доколку немате модла за мафини, тогаш можете да ги распоредите хартиените корпици во плех и исто ги полните 2/3 само малку повнимателно да не ви се рашират корпиците премногу).

 

КОНТАКТ:

Друштво за издаваштво, трговија и услуги

"КДП АЛУМЕР" - Скопје

E-mail: kdp.alumer@gmail.com

© ПЕКАРИЦА 

го задржува правото на објавување на сите споделени рецепти и слики 

2016

bottom of page