top of page

Р'жан домашен леб

 

Долго барав убав рецепт за р'жан леб, али исто така и брашно кое ќе го има вкусот на р'жан леб кој се навикнав да го јадам во странство. Се уште не можам да верувам дека од толку многу пекари низ Скопје не наидов на вистински тежок и мирислив р'жан леб. Рецептата која ќе ви ја презентирам овде ја најдов во готвач за "Хроно исхрана" која е моментално хит за "здрава храна".

Морам пред се, да нагласам дека исто така треба да внимавате на декларациите на брашната кои се продаваат: строго да биде нагласено дека се со големо количество на р'ж, а не пченично брашно со додатоци на р'ж.

 

Јас обично правам леб од помали количини на брашно (полесно и поубаво ми се меси тестото). Доколку сакате поголемо лепче само пропорционално зголемете ги количините наведени во рецептот. 

 

Состојки:

  • 300 грама р'жано брашно

  • 1 сув квасец

  • 1 супена лажица мед

  • по едно лажиче сусам, ленено семе, сончоглед

  • супена лажица маслинов зејтин (вкусно е и ако можете да најдете ленено масло или сусамово масло)

  • околу 300 милилитри млака вода (може и малку помалку)

  • сол по вкус

 

 

Се замесува убаво тесто и се остава да стои еден час. Потоа се става во тавчето за печење посипано со брашно и се пече на 200 степени околу еден час.

Откако ќе се испече се замотува во крпа и се остава така да се олади.

Вака подготвениот леб може да стои и по 7 дена и не губи на квалитетот.

 

КОНТАКТ:

Друштво за издаваштво, трговија и услуги

"КДП АЛУМЕР" - Скопје

E-mail: kdp.alumer@gmail.com

© ПЕКАРИЦА 

го задржува правото на објавување на сите споделени рецепти и слики 

2016

bottom of page