top of page


>ПЕКАРИЦА<
Чувар на македонската вековна традиција
Магија од вредните раце на нашиот народ

Потребни состојки:
-
400 гр брашно,
-
квасец,
-
сол,
-
малку зејтин,
-
вода
Славски колач
Еве во пресрет на овогодинешните слави, а во духот на македонската традиција, испракам една идеја за посен Славски колач кој ја закити мојата Божиќна трпеза. Многу едноставно: од замесеното и еднаш стасано тесто се прават три исти делови и четвртиот помал.Трите се расплескуваат во намрснето тенџере,а четвртиот се става озгора на средината. Украсите се прават од посебно тесто и по сопствен избор и идеја. Озгора се премачкува со зејтин. Пак стасува околу половина час, зависно од топлината на просторијата. Се пече првин на 300 степени и веднаш по 5 минути на 200 степени околу 30 мин. Се покрива со крпа и кога ке биде млако лесно се вади од тенџерето.
Поставен на 11/11/2015 од нашата читателка Славица Ѓоргиева од Свети Николе
bottom of page