top of page

Потребни состојки:

  • 700 г брашно

  • млака вода

  • 1 пресен квасец

  • 1 шолја масло

  • 7 лажици шеќер

  • 1 пециво

  • Мармалад од кајсии

  • Кора од лимон

  • 1 лажица какао

  • 50 г ореви

Шербет:

  • 1 филџан вода

  • 4 лажици шеќер

  • 1 ванила

Слатка погача

Подготовка:

 

  1. Се замесува тесто од брашно, квасец, млака вода, пециво, масло, шеќер. Треба да добиете средно тесто. Се остава да скисни.

  2. Тестото се дели на три дела. Во едниот дел се става рендана кора од лимон. Во вториот дел се става какао и во третиот тилчени ореви. Секој дел се меси посебно. Од сите три дела се остава по малку за украсување за одозгора. 

  3. Во караванче број 28 се става првин тестото со ореви, се распределува по целата површина. Врз неа се мачка со мармалад од кајсии. Потоа се става става тестото со какао, и врз него се мачка со мармалад. На крај се става тестото со кора од лимон. 

  4. Од тестото кое го оставивме на почетокот се украсува погачата. Јас правев цветови, украси со калапчина. 

  5. Се остава да кисни, се печи во загреана релна на 150-180 степени. Пред вадење се премачкува со шербет и уште малку се печи.

Поставен на 13/11/2015 од нашата читателка Христина Чешлароска од Скопје

Нашата читателка Емилија Димитријоска ја направи и ни испрати слика како и испадна нејзината слатка погача. Според неа оваа погача се меси за празникот Фануриј.

КОНТАКТ:

Друштво за издаваштво, трговија и услуги

"КДП АЛУМЕР" - Скопје

E-mail: kdp.alumer@gmail.com

© ПЕКАРИЦА 

го задржува правото на објавување на сите споделени рецепти и слики 

2016

bottom of page