

>ПЕКАРИЦА<
Чувар на македонската вековна традиција
Магија од вредните раце на нашиот народ
Различни видови на тесто
Тестото е основна компонента на различни пекарски и кондиторски производи. Тесто и производите од тесто се производи од брашно и неколку други состојки кои, измешани заедно, даваат различни крајни производи. За да се постигнување на одредени особини на различни теста, потребни се и различни услови, на пример тестото да одмара некое време или да се чува во фрижидер и слично. Некои теста можат да се замрзнат, печат или обработуваат на друг начин.
Според составот и начинот на обработка, тестото може да се подели бисквит тесто, лиснато тесто, киснето (квасец) лиснато тесто, киснето (квасец) тесто, свежо тесто, влечено (сукано) тестото и компир тесто. Постојат и бројни модификации на наведените теста.
Бисквит тесто
Основните состојки за изработка на бисквит тесто се брашно, јајца, шеќер, прашок за пециво или друга состојка која произведува јаглен двооксид и причини за дигање на тестото за време на печењето како и вода или некоја друга течност како што се млеко или јогурт. Често за постигнување на подобри особини се додаваат различни состојки, на пример различни ароми или додавање на маснотии, какао ако треба да се добие темен бисквит. Бисквит тестото е со ронлива и мека текстура и се употребува за изработување на колачи, торти и други посластици.
Лиснато тесто
Лиснатото тесто се прави од брашно, вода, масти (најчесто путер или маргарин) и други состојки но без додавање на шеќер. Таквото тесто е масно, повеќе од 20% на количеството употребено брашно. Маслото (најчесто маргарин или маслац) се вградува во развлечено тесто, кое потоа се превиткува повеќе пати додека не се добие слоевита текстура со тенки ливчиња. Постапката на превиткување на тестото се вика ламинирање. Помеѓу секое превиткување на тестото мора истото да се одмора на ладно 10-20 минути. Обично се филува со солени или слатки филови, се обликува во различни форми и може да се замрзнува или веднаш да се пече. Се продава и како готов производ кој се користи како кора на многу посластици. Уште се нарекува и бесквасно лиснато тесто.
Киснето (квасно) лиснато тесто
Се приготвува со употреба на квасец, прашок за пециво или некоја друга состојка која предизвикува вриење, односно произведува јаглероден двооксид кој предизвикува дигање на тестото. Обично содржи помалку маснотии во однос на безквасното лиснато тесто (15% маснотии во однос на употребеното брашно). Структурата на тестото е слоевита со постигнување на многу поголем волумен во печењето отколку кај безквасното лиснато тесто. Од квасното лиснато тесто обично се прават различни кроасани кои се полнат со солени или слатки филови пред или по печењето.
Стасано (квасно) тесто
Основни состојки за стасано тесто се брашно, вода или млеко, квасец или друга состојка која предизвикува вриење, како и дополнителни состојки за подобрување на вкусот и особините на тестото (шеќер, јајца, арома). Нема додавање на масло. Главната карактеристика на ова тесто е нараснувањето (стасувањето) како последица на делувањето на квасецот. Квасецот го ферментира шеќерот во брашното и додадениот шеќер во него при што се ослободува јаглен двооксид кој го дига тестото. При тоа важно е да се замеси со млака вода или млеко за да започне процесот на вриење и дигање на тестото. Тестото се меси рачно и се валка во саканата форма. Количеството на додадениот квасец, како и времето на ферментација, зависат од намената на тестото.
Прхко (ровито) тесто
Се изработува од брашно, вода или млеко, маст, шеќер и додатоци за подобрување на особините на тестото (јајца, сол, прашок за пециво). Карактеристика на тестото е дека размерот на брашно, маст или путер и шеќер во тестото е 3:2:1. Со тоа се постигнува подобра обработливост на тестото и се спречува ронењето на истото по печењето. Тестото е прхко (ровито) - со лесно дроблива текстура. Воглавно се користи за изработка на пити и слични посластици.
Влечено (сукано) тесто
Состојките за изработка на овој вид тесто се брашно, вода или млеко, масло и јајца. Рачно се замесува тестото кое потоа се сука и влече во тенка кора. Најчесто се користи за изработка на пити, бурек и слични производи.
Компирово тесто
Се произведува од брашно од житарици, најчесто пченично бело брашно, компир или компирово брашно, компирови пахуљици, вода или млеко и додатоци за подобрување на вкусот и својството на тестото. Најчесто се користи за изработка на њоки, кнедли и слични производи.