top of page

Домашен леб

Различни видови домашен леб

Терминот "домашен леб" зависи од вашиот вкус и вашите прехранбени навики. Воглавно домашниот леб мошете да го поделите во 2 генерални класификации: едната е според видот на брашното кое ќе го употребите и другата е дали ќе го направите со квасец или без него.

 Како ќе одредите кој точно е вашиот "домашен леб"? Одговорот на ова прашање е да експериментирате. Експериментирајте со различни видови брашно, различни дозирања на вода, млеко, масло, додавање на зрна како сусам, сончоглед, лен итн... Најдобриот "домашен леб" е оној кој вие и вашето семејство ќе го јадете со уживање.

Целта на овој портал е да собереме што повеќе искуства - а вие бидете слободни да експериментирате додека не утврдите кој е видот кој најмногу ви одговара.

Во делот ФАКТИ ги опишавме видовите брашно кои се користат генерално. Вашето идеално брашно зависи од вашиот вкус и нормално од тоа што пазарот ви нуди.

Нашиот "секојдневен леб" кој сме го наследиле од нашите претци е различен ширум светот и секој има претстава за вкусот, мирисот, обликот, изгледот и бојата на корката, средината, мекоста и свежината на лебот. Заедничко на сите е дека лебот мора да биде добар и вкусен.

Би било супер едноставно за пекарите кога сите потрошувачи би се согласиле дека нивниот леб има навистина добар вкус.

Лебот денес е намирница која се повеќе ја јадеме од задоволство и е рамноправен по квалитет, разновидност и хранливост. Кога го купуваме го бираме според изгледот, мирисот, вкусот и свежината. Добриот леб се проценува и преку навиката, традицијата и доприносот на здравјето. Рецептите и начините на подготовка се многубројни и разновидни готово толку колку различни видови на леб, пецива и колачи на светот има.  

Домашен леб

КОНТАКТ:

Друштво за издаваштво, трговија и услуги

"КДП АЛУМЕР" - Скопје

E-mail: kdp.alumer@gmail.com

© ПЕКАРИЦА 

го задржува правото на објавување на сите споделени рецепти и слики 

2016

bottom of page