top of page

Како настанува брашното?

Со мелење на зрна од пченица, р'ж, јачмен, овес, пченка, ориз, просо, хељда се добива брашно, еден од најважните состојки на човечката исхрана и главната состојка на лебот од памтивек. Пченичното брашно може да се нарече речиси синоним за брашното како такво, бидејќи тоа е една од главните прехранбени состојки во светот.

Најраспространето е во пекарството (пекарската индустрија). Во исто време, пченкарното брашно традиционално се поврзува со мексиканската кујна, како нејзина незаменлива состојка, додека р'жаното брашно во голема мера е раширено низ Централна Европа.

Брашното се разликуваат во зависност од намената: за производство на леб, бисквити, колачи и слатки, тестенини, обланди, за двопек. Според намената на брашното се мелат житариците до одредена гранулација, така да на пазарот се наоѓаат различни видови на брашно.

Пченичните брашна се прават од три вида на пченица - тврда, мека и дурум пченица. Тврдата пченица во својот состав има поголем удел на протеини и се користи за производство на пекарски брашна, меката пченица има поголем удел на скроб и се користи за производство на брашно за кондиторски производи, а дурум пченицата е многу богата со протеини и заради тврдата структура на зрното се користи за производство на тестенини.

Пченичните брашна, гриз и производи од гриз се прават со меленње на внатрешниот дел од зрното кое се нарекува ендосперм, после издвојувањето на љуската и клиците. На пазарот се појавуваат како различни типови и гранулации. Пченичните производи од цело зрно ги содржат сите делови на исчистено и сомелено зрно.

Дека семето на пченицата може да се исситни со гнечење помеѓу два едноставни мелнички камена откриле антички цивилизации дури 6000 години пред нашата ера.

Со ваквиот процес на мелење од зрната на житото се добивало брашно, состојка, без која правењето на леб, колачи, тестенини и различни видови на теста не би било возможно.

Брашното е состојка која ќе стане најважната компонента на човековата исхрана низ историјата.

Старите римјаните биле први кои користеле едноставни округли мелници за мелење жито, со што обезбедувале брашно за леб.

Многу векови подоцна, во 1879 година во Лондон, била пуштена во употреба првата парна мелница.

Брзиот развој и напредок на технологијата во дваесеттиот век доведоа до збогатување на брашното со различни витамини и минерали кои обезбедуваат хранливата вредност на оваа состојка.

КОНТАКТ:

Друштво за издаваштво, трговија и услуги

"КДП АЛУМЕР" - Скопје

E-mail: kdp.alumer@gmail.com

© ПЕКАРИЦА 

го задржува правото на објавување на сите споделени рецепти и слики 

2016

bottom of page