

>ПЕКАРИЦА<
Чувар на македонската вековна традиција
Магија од вредните раце на нашиот народ
Р'жано брашно: здравје и хран а 2
Р’жаниот леб се изработува од 100% р’жано брашно добиено од цело зрно на р’ж произведен по принципот на органското производство, со природно кисело тесто, печен во земјана печка на дрва. По своите пекарски карактеристики заостанува зад пченицата, бидејќи содржи помало количество на глутен. Хранливите и лековитите својства на р’жаниот леб потекнуваат од неговиот состав и од начинот на неговото добивање. Во својот состав содржи комплексни јаглехидрати, белковини, незаситени масти, витамини и минерали.
Комплексните јаглехидрати постепено се метаболизираат во организмот и го снабдуваат континуирано со енергија. За време на варењето скробот се разложува до гликоза, познат како крвен шеќер. Овој крвен шеќер го снабдува мозокот и централниот нервен систем со енергија, целулозните влакна придонесуваат за подобро функционирање на дигестивниот тракт и го штитат организмот од модерните хронични заболувања.
Белковините се соединенија составени од аминокиселини и од нив е изграден организмот на човекот. Во р’жаниот леб се содржани следните амино киселини: триптофан, треонин, изолеуцин, леуцин, лизин,тирозин, метионин, цистин, фенилаланин, тирозин, валин, хистидин, алин, аспоргин, глутамин, глицин, пролин, серин.
Триптофанот е есенцијален (потребен) елемент кој мозокот го користи во комбинација на Б6, нијацин и магнезиум, за да произведе сератонин, невропренесувач, кој помага при спиењето, го смалува чувството на болка, делува како антидепресив, ја намалува мигрената, го намалува и го контролира стресот.
Фенилаланинот е есенцијална аминокиселина, го смалува чувството на глад, го зголемува сексуалниот нагон, го подобрува памтењето и психичката спремност.
Лизинот е есенцијална аминокиселина, потребна за растење и обнова на ткивата, производство на антитела, хормони и ензими, ја подобрува концетрацијата, спречува херпесни инфекции.
Глутаминот го зголемува коефициентот на интелигенција, го намалува чувството на замор, депресија и импотенција. Го зголемува волуменот на мускулите кај здрави личности кои се занимаваат со спорт.
Цистинот е важна хранлива состојка која го успорува стареењето, го штити организмот од слободните радикали, X-зраците и од нуклеарна радијација.
Метионинот е есенцијална аминокисилина која помага во разложување на маснотиите и е силен антиоксиданс, и во комбинација на холин и фолна киселина, штити од одредени видови на тумор. Недостатокот на метионин кај лабораториските животни го зголемува холестеролот, предизвикува опаѓање на влакната и појава на артериосклероза.
Глицинот ја регулира жолчната киселина во желудникот и киселоста во крвта и е неопходен за функционирање на централниот нервен систем.
Тирозинот ја подобрува работата на мозокот, го намалува апетитот, ја подобрува работата на тироидната жлезда.
Незаситените масти главно се содржат во никулецот и му помагаат на црниот дроб да создаде лецитин, кој помага во спречувањето од формирање на наслаги на холестерол во крвните садови, ја смалуваат опасноста од добивање на инфаркт, артериосклероза, го намалуваат крвниот притисок, ја смалуваат вискозноста на крвта, како и создавањето на камен во жолчката. Незаситените масти го стимулираат производството на антитела во градната жлезда, кои ги уништуваат вирусите и микробите, а со тоа го јакнат имунолошкиот систем. Го ублажуваат реуматоидниот артритис, ги намалува триглицеридите во крвта.
Витамини кој ги има во р’жаниот леб се следните: Б1, Б2, Б3, Б6, Б12, Б15, биотин, холинг, фолна киселина, инизитол, парааминобензоева киселина, Б5, витамин Е, витамин Ф, витамин П, витамин Т, витамин А. Од минералите застапени се 7 основни минерали: калциум, јод, железо, магнезиум, фосфор, селен, цинк, како и други минерали: хром, манган, молбден, ванадиум, бакар, натриум.