

>ПЕКАРИЦА<
Чувар на македонската вековна традиција
Магија од вредните раце на нашиот народ
Р'жано брашно: здравје и хран а


Подолго време се обидувам да најдам добра рецепта за р'жан леб ама оној вистински тежок, темен леб, со јак вкус и хрскава корка. Тајните за р'жаниот леб и неговите својства ги најдов на сајтови за здрава храна.
Р'жта (Secale cereale) заедно со другите диви житарки, потекнува од средна и источна Турција и околината. Во одомаќен (питом) облик се среќава во наоди од неолитот во самата Турција, но на останатите места како средна Европа се јавува дури во наодите од бронзеното доба (1800-1500 п.н.е.).
Р'жот порано се сметал за коров кој ги напаѓал пченичните полиња. Подоцна се испоставило дека оваа житарица е кралица помеѓу житариците.
Р’жта се користи за правење на р’жан леб и слични печива. Брашното има многу глиадин, но само малку глутенин, па затоа содржи помалку глутен од пченичното брашно.
Р’женото брашно има и повеќе прехранбени влакна. Алкилресорцинолите се фенолни липиди што изобилуваат во триците на пченицата и р’жта (0,1-0,3% од сувата мера).
Наоѓа примена и во производството на пијалаци како р’жено виски и квас, и како р’жен екстракт во алтернативната медицина. Од сламата се изработуваат жетварски венци и покриви на објекти.