top of page
5

Кога лепчето е доволно нараснато и рерната ви е загреана на 250 степени, се преминува на фазата печење.

Пред да го ставите плехчето со лебот во рерната фрлете на дното 2-3 коцки мраз и брзо затворете ја вратата. Почекајте малку и ставете го лебот да се пече.

После 5 минути намалете ја рерната на 200 степени и пуштете да пече од долниот дел (вака се создава ефект како да печете во старинска фурна. Зависно од големината на лепчето печењето би требало да се одвива уште едно 15 минути.

6

Кога лепчето е печено се вади на решетка да се олади. На сликата лево го имате како изгледа кога е добро печено.

 

Препорака: Пожелно е да можете да одолеете на мирисот и да го оставите добро да се олади пред да се почестите со овој прекрасен вкус.

КОНТАКТ:

Друштво за издаваштво, трговија и услуги

"КДП АЛУМЕР" - Скопје

E-mail: kdp.alumer@gmail.com

© ПЕКАРИЦА 

го задржува правото на објавување на сите споделени рецепти и слики 

2016

bottom of page