

>ПЕКАРИЦА<
Чувар на македонската вековна традиција
Магија од вредните раце на нашиот народ



Кога тестото ќе почне да се одлепува од краевите на вангличката значи дека веќе е време да го префрлите на работната површина која сте ја посипале со брашно. (јас во оваа фаза ја загревам рерната на 250 и го подготвувам плехчето каде што го печам лебот: премачкувам со зејтин и одозгора посипувам брашно).
Месете со додавање на брашно по потреба (да не ви се лепи на работната површина) уште едно 5 минути. Намастете ги рацете со зејтин и со масни раце оформете форма каква што сакате (на сликата лево е прикажано како го засекувам кога го правам округло). Така намастено ставете го во плехчето каде што ќе го печете. Можете и малку повеќе да го намастите горниот дел да не се суши додека стасува. Прекрите го со крпа и оставете го да нарасне најмалку 40 минути.
Совет: Доколку рерната ви се загрева побрзо, планирањето кога ја пуштате да се загрее е согласно тоа. Важно е да биде загреана на 250 степени пред да го ставите плехчето.
